Дома Фудбал Најскапото засилување во историјата на Аталанта заминува во Турција

Најскапото засилување во историјата на Аталанта заминува во Турција

Напаѓачот Ел Билал Туре (23) ја напушти Аталанта и ќе ја доигра сезоната на позајмица во редовите на турскиот гигант Бешикташ, со опција за откуп на договорот, потврди италијанскиот клуб.

Туре пред две години пристигна од Алмерија за сума над 30 милиони евра, што го направи најскапото засилување во историјата на клубот од Бергамо.

Сепак, неговата авантура во Италија не се одвиваше според очекувањата. Веднаш по доаѓањето претрпе сериозна повреда на тетивата на коленото, што го одржа надвор од теренот до февруари. Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Истанбул.

За Аталанта одигра 17 натпревари и постигна три гола, додека истата статистика ја имаше и во Штутгарт (17 настапи, три голови).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борнмут со историски натпревар во Европа по поразот од Челси

Борнмут ќе го одигра својот прв европски натпревар на домашен терен против Штурм Грац, по …