Дома Фудбал Баерн се договори со Николас Џексон

Баерн се договори со Николас Џексон

Баерн Минхен постигна договор со напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, јавува “Билд”.

Како што е познато, баварскиот клуб интензивно бара засилувања во нападот, затоа што имаат премногу малку алтернативи. Според зборовите на раководството на Баерн, германските шампиони ќе бараат само играчи на заем, а не постојани трансфери.

Челзи, пак, сакаат да се разделат со 24-годишниот сенегалски напаѓач, кој стана вишок на “Стенфорд Бриџ”.

Секако, тоа не значи дека договорот е сигурен, бидејќи не е јасно дали Челзи ќе се согласи да го даде напаѓачот само на заем. Дополнително ќе се види дали ќе се постигне договор меѓу клубовите и какви услови ќе има евентуалниот трансфер.

За Џексон има сериозен интерес и од клубови како Њукасл и Астон Вила. Сенегалецот премина во Лондон од Виљареал за 32 милиони фунти во 2023 година, но не успеа да се наметне како стандарден играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…