
ПСЖ ја започна одбраната на титулата во Франција со две минимални победи (1:0). По Нант, вечерва ист резултат беше и против Анже на Паркот на принцовите. Натпреварот беше обележан со тежок испуштен пенал на Осман Дембеле од 11 метри.
Единствениот гол на натпреварот беше виден во 50. минута од натпреварот. Фабиан Руиз од гужва во казнениот простор даде гол за 1:0.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, она што го обележа овој натпревар беше катастрофално изведениот пенал на Дембеле. Малку е да се каже дека погреши.
Играна беше 27. минута кога кандидатот за најдобар фудбалер на светот имаше можност да го донесе неговиот тим во предност. Шутна силно, но промаши.
Се разбира, веднаш стана главна тема на социјалните мрежи. Тешко е ваков срам да се избрише, иако можеше и на овој натпревар ако имаше повеќе концентрација.
Под извиците „Усмане Балон д’Ор“ на Паркот на принцовите, Усмане Дембеле целосно го промаши својот пенал. #PSGSCO pic.twitter.com/qzbmNc3Mj9
— Жил КУТОС-БЕРТЕН (@juleskts_) 22 август, 2025
Фото: Принтскрин