Дома Фудбал ПСЖ и Тотенхем во борба за Суперкупот на УЕФА

ПСЖ и Тотенхем во борба за Суперкупот на УЕФА

Актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ и актуелниот освојувач на Лига Европа Тотенхем вечерва ќе се сретнат во 21 часот на стадионот „Блуенерџи“ во Удине во борбата за УЕФА Суперкупот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Победникот на Лигата на шампионите сака да додаде трофеј кој никогаш не пристигнал во Франција, додека Тотенхем се надева дека по освојувањето на Лига Европа ќе подигне уште еден трофеј и така ќе покаже дека не следуваат години на криза.

ПСЖ имаше единствена можност да го освои Суперкупот во 1996 година, кога како победници на Купот на победниците играа против Јувентус и доживеаја тежок пораз со вкупен резултат 9:2 во двата натпревари. Тоа беше претпоследната година кога натпреварувањето се играше во два натпревари. Олимпик Марсеј, пак, во 1993 година ја освои Лигата на шампионите, но поради скандал со местење на натпревари не можеше да игра во Суперкупот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА реагираше заради политичките пораки на Аргентинците, фудбалскиот свет во шок од одлуката

Синоќа во Атланта се одигра фантастично полуфинале на Светското првенство помеѓу Аргентина…