
Како што пренесуваат медиумите во САД, Летонецот најверојатно ќе мора на операција.
Феноменалниот Кристап Порзингис не престанува да ги воодушевува љубителите на кошарката ширум светот.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Откако Кармело Ентони замина во Оклахома прва ѕвезда на Њујорк Никси стана Порзингис, а тимот од „Медисон Сквер Гарден“ има позитивен скор после 11 одиграни натпревари.
Вчера тие го доживеаа петиот пораз во сезоната, совладани беа од Орландо, а во ростерот на клубот од „Големото Јаболко“ го немаше токму Порзингис, па јасно е зошто Орландо славеше.
Летонецот има проблем со лактот и неговиот следен настап е под знак прашалник.
„Кога по повторно го удрив, почуствувам дека е осетлив. Имам проблем, но не е страшно. Сепак, мислам дека кога сезоната ќе заврши ќе морам да направам нешто повеќе. Не можам да дозволам ова да ми се случува секоја сезона“, изјави Порзингис.