Дома Фудбал Фабрегас не се шегува: Комо договори уште едно големо засилување

Фабрегас не се шегува: Комо договори уште едно големо засилување

Италијанскиот Комо, кој не толку одамна влезе во Серија А, продолжува да го составува тимот кој би требало да се бори за излез на европската сцена.

Самото доведување на Сеск Фабрегас на местото тренер покажува дека Комо има сериозни планови во Серија А и дека не мисли да биде минувач во италијанската елита.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Откако се постигна целта да се остане во лигата, Комо сега има поголеми амбиции и сака да се пласира на европската сцена.

Доказ за тоа се и засилувањата што ги доведува овој клуб. Фабрицио Романо потврди дека во Комо оди и Алваро Мората.

“Алваро Мората оди во Комо. Договорот е постигнат со Галатасарај за 5 милиони евра со цел да се раскине позајмицата.”

Комо ќе го потпише Мората од Милан на позајмица со обврска за откуп. Мората сакаше да оди само во Комо”, тврди Романо.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешен напаѓач на Јувентус го засилува Милан

Милан има проблеми со напаѓачите оваа сезона. Хименез не ги исполни очекувањата, и затоа в…