
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски најверојатно ќе го напушти тимот на Валенсија во наредниот период, откако стана јасно дека нема да добие значајна минутажа на „Местаља“. Клубот активно бара решение и е подготвен да го испрати на позајмица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информации од шпанските медиуми, Валенсија веќе го понудила Димитриевски на неколку клубови, меѓу кои Селта Виго, Леванте, Елче, како и на заинтересирани екипи надвор од границите на Шпанија.
Моментално, како најизгледна опција се наведува Елче, кој оваа сезона се враќа во елитното друштво на шпанскиот фудбал.
Фото: Принтскрин