Дома Фудбал Ракитиќ ептен го навреди Јувентус, па мораше да се извинува

Ракитиќ ептен го навреди Јувентус, па мораше да се извинува

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ предизвика бура на социјалните мрежи со својата објава на Инстаграм, со која му честиташе на Лука Модриќ за неговиот сензационален трансфер во Милан.

Во стори објавен на својот профил, Ракитиќ сподели заедничка фотографија со Модриќ, над која постави навивачка песна на Милан како звучна подлога.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Сепак, музичкиот избор предизвика контроверзија – песната содржела навредливи стихови упатени кон Јувентус.

„Најискрено се извинувам на Јувентус и неговите навивачи. Немав намера да навредам никого – песната ја избрав исклучиво како симбол на поддршка за Милан и мојот пријател Лука, не знаејќи го нејзиниот вистински текст и значење. Жалам за недоразбирањето“, напиша Ракитиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вистински хит се во светот, ќе бидат најмала држава која заиграла на Мундијал, а фудбалери бараат преку – „Линкдин“!

По првото историско учество на фудбалерите од Зелено’ртските Острови на Светското пр…