Дома Фудбал Димитриевски немаше среќа – се повреди во најнезгоден момент!

Димитриевски немаше среќа – се повреди во најнезгоден момент!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доживеа незгодна повреда на левото рамо, поради што извесен период ќе биде надвор од терените, информација што сигурно ќе го искомплицира неговиот очекуван трансфер од редовите на Валенсија.

Од шпанскиот клуб потврдија дека македонскиот чувар на мрежата се повредил за време на еден од последните тренинзи.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Голманот Димитриевски заработи повреда на левото рамо. Интернационалниот голман ќе продолжи со медицински третман, физиотерапија и рехабилитација додека не се врати назад во тимот“, се наведува во краткото соопштение на Валенсија.

Сериозноста на повредата сè уште не е прецизирана, но загриженоста е присутна и во таборот на македонската репрезентација, со оглед дека во септември продолжуваат квалификациите за Светското првенство 2026, и кај потенцијалните клубови кои размислуваа да го ангажираат.

Оваа непријатна пауза може дополнително да го одложи очекуваното заминување од Валенсија, каде што веќе беше јасно дека нема да добие вистинска минутажа во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура во мак-фудбалот: Пелистер се скара со Вардар – во Битола веќе нема место ниту за управата, ниту за навивачите!

Еден ден по дербито во Битола во кое Вардар славеше со 2-1, од таборот на Пелистер реагира…