Дома Фудбал Ни Арсенал, ни Ливерпул – Шешко преговара со трет клуб

Ни Арсенал, ни Ливерпул – Шешко преговара со трет клуб

Следната дестинација за талентираниот Бенџамин Шешко е горлива тема во сегашниот летен трансфер период.

Многу се шпекулираше за тоа каде ќе ја продолжи кариерата Словенецот, а најголем интерес покажаа клубовите од Островот.

Еден период два англиски гиганти – Арсенал и Ливерпул, истовремено беа заинтересирани за 22-годишниот напаѓач.

Во меѓувреме, Топчиите го потпишаа Виктор Гјокерес, а Црвените Хјуго Екитике, а до Енфилд е близу уште еден центарфор – Александер Исак.

Епилогот на сето тоа е дека Шешко остана без трансфер на Островот за сега, но како стојат работите – тоа нема долго да трае.

Според најпознатиот спортски новинар во светот – Фабрицио Романо, Њукасл ќе тргне со сите сили по Словенецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс ја измеша одбраната на Јунајтед и со лоб му донесе водство на Челси!

Морган Роџерс со одлична соло-акција погоди за 1-0 на „Стемфорд Бриџ“, откако Јунајтед ги …