Дома Фудбал Еве колку заработуваат ѕвездите на Манчестер Сити

Еве колку заработуваат ѕвездите на Манчестер Сити

Ерлинг Халанд не е само најдобро платениот фудбалер на Манчестер Сити, туку и на целата Премиер лига. Според податоците од Capology, објавени се информации за примањата на играчите во англиската елита.

Халанд заработува неверојатни 32 милиони евра годишно, што е значително повеќе во споредба со второпласираниот Мохамед Салах, чиишто годишни примања во Ливерпул изнесуваат 23,8 милиони евра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во однос на играчите на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол е на десеттото место по висина на заработувачка во клубот, со годишни примања од 11,9 милиони евра. Тоа е 1,3 милиони евра помалку во споредба со Родри, кој воедно е и актуелен освојувач на Златната топка.

Халандовата плата е значително повисока од останатите во тимот. Најблиските до него се Бернардо Силва и Џек Грилиш, кои годишно заработуваат по 18 милиони евра, додека на четвртото место се наоѓа Омар Мармуш со 17,5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…