Дома Фудбал Ливерпул го “краде“ играчот од средниот ред кој го посакува Манчестер Јунајтед?

Ливерпул го “краде“ играчот од средниот ред кој го посакува Манчестер Јунајтед?

Ливерпул направи трансферски удар со доведувањето на Флоријан Вирц. Договорот со Бајер Леверкузен е постигнат за сума од 116 милиони фунти, поставувајќи нов рекорд за клубот.

Следниот чекор е Александар Исак и “црвените” се подготвени да понудат дури 120 милиони фунти. Покрај тоа, Ливерпул сака да го засили и средниот ред. Според информации од порталот CaughtOffside, Слот има намера да ја зајакне средината на теренот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Неговата последна цел е играч што исто така го следи Манчестер Јунајтед, а за него е заинтересиран и Рубен Аморим. Тоа е Даглас Луиз од Јувентус. Бразилецот е во фокусот на Јунајтед, а според италијанските извори, ситуацијата ја следат и Евертон и Вест Хем. Луиз дојде во Јувентус минатата година.

Најновите вести велат дека односот помеѓу Луиз и клубот од Торино е сосема нарушен, па Јувентус е подготвен да го продаде. Од Бразилецот очекуваат да си обезбедат 40 милиони евра.

Луиз остави силен впечаток додека играше во Премиер лигата, особено во тимот на Астон Вила, каде стана еден од клучните играчи пред да замине во Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…