
Раководството на МЛС-лигата одлучи да ги казни своите најголеми ѕвезди. Лионел Меси и Жорди Алба се официјално суспендирани и нема да настапат на саботниот натпревар на Интер Мајами против Синсинати, поради тоа што го пропуштија ревијалниот Ол-Стар натпревар во средата.
Правилата на лигата налагаат играчите кои се поканети на Ол-стар натпреварот и не се појават, а немаат соодветно медицинско оправдување, автоматски да бидат суспендирани.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Тренерот на Интер, Хавиер Маскерано, по натпреварот со Њујорк изјави дека Алба е повреден, па затоа не може да игра на Ол-стар натпреварот, додека за Меси рече дека бил уморен.
Оваа сезона, Меси постигна 24 гола на 29 натпревари во сите натпреварувања.
Комесарот на МЛС, Дон Гарбер, призна дека ова била исклучително тешка одлука, особено кога станува збор за играч како Меси.