Дома Фудбал Сити си најде нов голман, Едерсон е сè поблиску до излезот

Сити си најде нов голман, Едерсон е сè поблиску до излезот

Раководството на Манчестер Сити постигна целосен договор и ќе го доведе голманот на Барнли Џејмс Трафорд, информира италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

„Граѓаните“ се надеваа да ја намалат цената на играчот, но на крајот новајлиите во Премиер лигата не се согласија и од „Етихад“ ќе треба да ја исплатат целата откупна клаузула во износ од 40 милиони фунти.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Самиот Џејмс Трафорд одржа личен разговор со Гвардиола и на крајот исто така даде своја согласност да се врати во тимот. Играчот им соопшти за својата одлука да се врати во Манчестер Сити и на Њукасл, од каде што исто така имаа сериозен интерес за него. Чуварот на голот е поранешен младински производ на клубот и беше дел од академијата до 2023 година, кога беше продаден на Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…