Дома Фудбал Навивачите на Барселона го критикуваат Ракитиќ поради неговата изјава за Тер-Штеген

Навивачите на Барселона го критикуваат Ракитиќ поради неговата изјава за Тер-Штеген

Иван Ракитиќ се најде на удар од навивачите на Барселона бидејќи многумина сметаат дека Марк-Андре тер Штеген го искористил за да стави дополнителен притисок врз челниците на каталонскиот клуб со она што го кажал за германскиот голман.

Ракитиќ остави огромен белег во Барселона каде што играше шест сезони и освои скоро сè што можеше.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Минатата седмица хрватскиот играч го објави крајот на својата играчка кариера, а вчера беше официјално дека ќе остане во Хајдук од Сплит каде што ќе врши една од функциите на Полјуд.

Меѓутоа, Ракитиќ се најде на мета на критики од навивачите на Барселона бидејќи изјавата која предизвика големо внимание ним не им “пријде”.

Навивачите на Барселона сметаат дека Тер Штеген почнал да лобира преку своите пријатели и поранешни соиграчи за да му покаже на каталонските челници дека заслужува да биде прв голман нешто што е веќе десетина години.

Така навивачите на Барселона го сфатија и изјавата на Ракитиќ кој изјавил дека Тер Штеген треба да биде прв голман на тимот и дека нема дилема околу тоа.

„Дали е возможно да се има дуо Тер Штеген – Гарсија? Секако дека е. Доста едноставно е тоа, бидејќи Марк би бил прв избор”, рече Ракитиќ.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Падна договор: Манчестер Јунајед за 71 милион фунти добива ново засилување!

Брајан Ембеумо од Брентфорд станува новото засилување за Манчестер Јунајтед, откако клубот…