Дома Фудбал ПСЖ продава 11 фудбалери и прави голема чистка по дебаклот против Челси

ПСЖ продава 11 фудбалери и прави голема чистка по дебаклот против Челси

Луис Енрике и раководството на ПСЖ наводно донеле одлука да 11 играчи ќе го напуштат овој клуб по срамниот пораз од 3:0 во финалето на Светското клупско првенство против Челси.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според тврдењата на францускиот Ле Парисиен, Луис Енрике се откажал од услугите на Милан Шкриниар, Норди Мукиеле, Карлос Солер, Марко Асенсио и Рандал Коло Муан.

Сите тие минатата сезона беа на позајмица, а никој не се докажа доволно за да биде дел од екипата на Париз Сен-Жермен оваа сезона.

Освен тоа, Габриел Москардо, Лукас Енандез, Лукас Бералдо, Канг-ин Ли и Гонсало Рамос се играчи на кои им е кажано да бараат нови клубови доколку сакаат да играат следната сезона.

На крајот, тука е и голманот Џанлуиџи Донарума кој исто така ова лето би можел да го напушти Париз Сен-Жермен.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден од клучните играчи на Франција го пропушта СП 2026!?

Францускиот селектор Дидие Дешам се соочи со големи проблеми само десетина дена пред почет…