Дома Останати Кошарка Македонските млади кошаркари ја победија Швајцарија и дојдоа на чекор од четвртфинале!

Македонските млади кошаркари ја победија Швајцарија и дојдоа на чекор од четвртфинале!

По ден пауза, младинското Европско првенство (дивизија Б) што се одржува во Ереван повторно донесе драматични моменти, а македонската селекција одигра клучен натпревар во својата група. Во четвртото коло од групата Ц, нашите млади кошаркари се соочија со селекцијата на Швајцарија и успеаја да дојдат до исклучително значајна победа – 81:82, со која остануваат во игра за пласман во следната рунда.

По четири одиграни натпревари, момците на селекторот располагаат со биланс од две победи и два пораза, што ги одржува во борбата за место меѓу најдобрите осум селекции.

Петмина кошаркари имаа двоцифрен ефект на натпреварот, а најзабележителен беше Кечовски кој погоди пет тројки од седум обиди и мечот го заврши со 16 поени и 4 скока. Ист број поени постигна и Стојковиќ, кој додаде и 5 асистенции и 4 скока. Иванов се истакна со 14 поени и 5 скока, Ќириловски со 12, а Луканоски запиша 11 поени и 6 скока.

Утре следува директен дуел за пласман во четвртфиналето против Данска, но покрај нашата евентуална победа, за место меѓу осумте најдобри ќе ни биде потребна и помош од Австрија – која треба да ја победи Холандија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…