Дома Фудбал Проблем во Премиер лигата: Тотенхем ќе добие тужб!

Проблем во Премиер лигата: Тотенхем ќе добие тужб!

Вчера попладне пристигна информацијата дека Морган Гибс-Вајт ќе биде второто големо засилување за Тотенхем во претстојната сезона, но сега се чини дека таквото сценарио не му одговара на Нотингем Форест, кој е подготвен правно да го спречи овој трансфер.

Англискиот репрезентативец зад себе има брилијантна сезона на “Сити граунд”, но и договор со Нотингем кој истекува во летото 2027 година.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Претходно беше објавено дека Тотенхем ја активирал откупната клаузула од 60 милиони фунти, но очигледно дека Нотингем не го кажал последниот збор. Тие имаат намера да го тужат лондонскиот клуб поради начинот на кој се обидел да дојде до Гибс-Вајт.

Според “Дејли мејл”, Нотингем го информирал Тотенхем да престане со контактирање на Гибс-Вајт, а за целата ситуација е започната и Премиер лигата. Се очекува наскоро да биде покрената истрага која може да носи сериозни последици за лондонскиот клуб.

Да потсетиме, Гибс-Вајт несомнено е еден од најпосакуваните играчи на Нотингем ова лето. Беше пишувано дека Пеп Гвардиола го сакал за замена на Кевин Де Брјун.

Очигледно дека на “Сити граунд” не биле воодушевени од идејата да им замине главниот играч во Тотенхем, па целата зделка и покрај тоа што беше на прагот на финализација, веројатно ќе пропадне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул мора да продаде тројца фудбалер за да го купи најскапото засилување во нивната историја

Ливерпул продолжува да се поврзува со Александар Исак и може конечно да ги има клучевите з…