Дома Фудбал Свилар донесе одлука за иднината и доби 20.000.000 евра

Свилар донесе одлука за иднината и доби 20.000.000 евра

Конечно заврши сагата за иднината на српскиот голман Миле Свилар.

Сигурниот инсајдер Џанлука Ди Марцио објави дека српскиот чувар на мрежата ќе остане во Рома и ќе потпише петгодишен договор во петок. 

Новиот тренер на „волчицата“ Џанпјеро Гасперини јасно даде на знаење на челниците на клубот дека на Свилар смета за подолг период во иднина.

На овој начин ќе се стави крај на сите шпекулации околу неговиот премин во Галатасарај, кои многу го посакуваа во своите редови и му нудеа одлични услови.

Свилар во Рим ќе заработува 4.000.000 евра годишно.

Србинот има 25 години, а пред Рома настапуваше за Андерлехт и Бенфика. Се натпреваруваше во сите младински категории на белгиската репрезентација, а за сениорската репрезентација на Србија одигра еден натпревар.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити се пофали со наследникот на Родри, потроши 100 милиони евра!

Уште еден трансфер со деветоцифрен износ. Ајуб Буади е новото засилување за Манчестер Сити…