Дома Фудбал Барселона му верува на Шчесни – наскоро ќе потпишат нов договор

Барселона му верува на Шчесни – наскоро ќе потпишат нов договор

Барселона е подготвена да го продолжи соработката со својот прв голман Војчех Шчесни. Според информации на ESPN, искусниот Полјак многу скоро ќе стави потпис на нов двегодишен договор со каталонскиот клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шчесни, кој веќе една сезона го носи дресот на Барса, успеа брзо да се наметне како сигурен избор меѓу стативите, заменувајќи го Марк-Андре тер Стеген во период кога германскиот голман се соочуваше со повреда.

Со своето искуство, Шчесни внесе стабилност во одбранбената линија на тимот и доби силна поддршка од навивачите и стручниот штаб.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…