
Во фудбалскиот свет се случи неизмерна трагедија кога Диого Жота, фудбалерoт на Ливерпул, загина во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат, кој исто така го загуби животот.
Целиот свет се збогуваше со Жота преку многу емотивни пораки, меѓу кои најмногу се издвои пораката на неговиот соиграч и близок пријател Енди Робертсон.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Ја пренесуваме пораката во целост:
– Најмногу мислам на семејството. Нивната загуба е премногу тешка за поднесување. Многу ми е жал што загубија две толку драги души – Диого и Андреј. Ќе се обидеме со тимот и клубот заедно да се справиме со ова… Колку и да трае.
Лично, сакам да зборувам за мојот пријател. Мојот брат. Човекот кој го сакав и кој многу ќе ми недостига. Можам да зборувам со часови за него како играч, но сега ништо од тоа не е важно. Важен е како човек. Каква личност. Беше неверојатно добар човек. Најдобар. Искрен. Едноставен и правичен. Полн со љубов за оние што ги сакаше. Полн со радост.
Меѓу странските играчи, беше најсличен на Британец. Се шегувавме дека е Ирец… Јас сакав да го прикажам како Шкотланѓанец, дури го нарекував и Диого МекЖота.
Заедно гледавме пикадо, уживавме во коњски трки. Посетата на Челтнем оваа сезона беше еден од најдобрите моменти што ги имавме.
Последен пат го видов на најсреќниот ден од неговиот живот – денот на неговата свадба. Сакам да ја запомнам неговата насмевка која не се симнуваше од неговото лице на тој магичен ден. Колку беше исполнет со љубов кон својата сопруга и семејство.