Дома Фудбал Ужас: 18-годишен аргентински фудбалер почина на операција!

Ужас: 18-годишен аргентински фудбалер почина на операција!

Аргентинските медиуми соопштија за трагичната смрт на 18-годишниот фудбалер Камило Нуин за време на операција на коленото.

Целиот хируршки зафат бил насочен кон поправка на менискусот и предните вкрстени лигаменти, за да се стабилизира состојбата на играчот, но за жал, резултираше со трагичен исход.

Додека причината за смртта сè уште не е обелоденета од страна на клубот и локалните власти, аргентинските медиуми наведуваат дека истрагата е во тек.

Атлетико Сан Телмо, клубот на Нуин, изрази жалење преку официјална порака:

“Со длабока тага се простуваме од нашиот играч, кој утрово нè напушти. Во овие тешки моменти сме со неговото семејство, пријателите и најблиските. Твојата трага ќе остане во клубот. Почивај во мир”, се вели во пораката од клубот.

Исто така, Аргентинската фудбалска федерација (AFA) изрази сочувство до семејството на играчот по оваа огромна трагедија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дини без милост за Лука: „Среќен е што воопшто е фудбалер“

Трој Дини жестоко го нападна напаѓачот на Наполи, а особено го налути односот на Лука кон …