Дома Фудбал Фудбалерките на Швајцарја изгубиле 7-1 од дечиња до 15 години: Сојузот го криел резултатот

Фудбалерките на Швајцарја изгубиле 7-1 од дечиња до 15 години: Сојузот го криел резултатот

Швајцарската женска фудбалска репрезентација активно се подготвува за претстојното Европско првенство, како дел од подготовките беше договара и пријателски натпревар со екипи до 15 години. Натпреварот се одигра изминатиот викенд, но резултатот првично не беше познат. На крајот се дозна дека младите фудбалери ја совладале женската репрезентација со убедливи 7:1.

Федерацијата на Швајцарија се соочи со критики бидејќи не го објавија резултатот од натпреварот, кој пак излезе во јавноста преку присутните на натпреварот. Раководните лица на швајцарскиот фудбал сметаа дека необјавувањето на резултатот ќе го зачува реномето на женската репрезентација, но критичарите ги обвинија дека со прикривањето предизвикаа спротивен ефект.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Потоа се огласи и Свен Микосе, портпарол на женската репрезентација. „Не е невообичаено во женскиот фудбал да се натпреваруваат против младински екипи. Целта е да се воведе одреден натпреварувачки елемент. Во оваа фаза на подготовки, фокусот е на физичката подготвеност. Независно од резултатот, овие тренинг натпревари наликуваат на нашите меѓународни натпревари во интензитетот и работниот опсег“, објасни тој.

Швајцарскиот Блик наведува дека на полувремето резултатот бил 3:1 за машката екипа, а дека женската репрезентација паднала во играта во второто полувреме откако селекторката Пиа Сундхаге целосно го променила почетниот состав. Блик пренесува и дека фудбалерките пред овој меч играле и со момчиња од истиот возрасен ранг од ФК Солоторн и ФК Бил. Истите загубија од Солоторн со 2:1, а против Бил победиле со истиот резултат.

Фото: swissnatiwomen/Instagram
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Највисоко платените тренери во Бундеслигата

Од моментот кога Нико Ковач го презеде раководењето со Борусија Дортмунд во февруари 2025 …