Дома Фудбал Имаат девет настапи, а сега ќе го пропуштат и третиот Мундијал во низа – веднаш го отпуштија селекторот!

Имаат девет настапи, а сега ќе го пропуштат и третиот Мундијал во низа – веднаш го отпуштија селекторот!

Фудбалерите на Чиле доживеаа нов пораз во квалификациите за Светското првенство следната година. Боливија беше поуспешна со 2:0, што значи дека Чилеанците трети пат по ред нема да играат на најголемиот фудбалски настан. Тие не успеаа да се квалификуваат на СП 2018 во Русија, ниту пак во 2022 кога првенството се одржа во Катар. Ова е голем пад откако Чиле ја освојуваше Копа Америка во 2015 и 2016 година.

По поразот од Боливија, Чиле се најде на последното место во јужноамериканските квалификации. Со тоа, веќе немаат ниту теоретска шанса да стигнат до седмото место кое води кон дополнителни квалификации.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Во вакви услови, веднаш по поразот од Боливија, 67-годишниот Аргентинец Рикардо Гарека се повлече од селекторската позиција. Тој ја водеше репрезентацијата од 2024 година и освои само една победа во 13 официјални натпревари. “Резултатите се такви, што едноставно треба да заминам бидејќи целта не е постигната,” изјави Гарека.

Чиле низ историјата има вкупно девет настапи на светските првенства.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не му е доволен само Арсенал: Aртета си најде уште една работа!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, доби нова функција во спортскиот свет, конкретно во сег…