Дома Фудбал Одличниот јуни донесе напредок: Македонија скокна на ФИФА ранг листата

Одличниот јуни донесе напредок: Македонија скокна на ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија направи чекор напред на најновото рангирање на ФИФА, откако јунискиот прозорец го заврши без пораз со реми против Белгија (1-1) на домашен терен и минимална победа над Казахстан (1-0) на гостински.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Овие резултати ни донесоа скок од четири позиции, па „црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 63-тото место на светската ранг-листа.

На врвот нема промени, Аргентина останува лидер, а зад неа се Шпанија, Франција, Англија и Бразил. Португалија се искачи на шестото место, прескокнувајќи ја Холандија, која сега е седма. Белгија, против која одигравме солиден меч во Скопје, е осма на листата. Деветтата позиција ја држи Хрватска, која напредуваше за две места, а Топ 10 ја комплетира Италија.

Во нашата квалификациска група, покрај Белгија, Велс се наоѓа на 30-тото место, бележејќи пад од една позиција. Казахстан е 114-ти, додека Лихтенштајн останува меѓу најслабите селекции на 204. место од вкупно 210 земји под капата на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден куп голови во полуфиналето: Астон вила и Фрајбург ќе се борат за титулата во Лига Европа (Видео)

Англискиот премиерлигаш Астон Вила и германскиот состав Фрајбург ќе се борат за трофејот в…