Дома Фудбал Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Голот на Џани во конкуренција за најдобар на колото!

Македонската фудбалска репрезентација успеа да извлече значаен бод против силната селекција на Белгија во рамки на третото коло од квалификациите за Светското првенство, откако на домашен терен во Скопје ремизираше со резултат 1-1.

Големата радост на „Тодор Проески“ дојде во финишот од натпреварот, кога Езѓан Алиоски во 86. минута ја затресе мрежата на Белгијците и донесе ерупција од емоции на трибините. Убавината на погодокот не остана незабележана – голот на Алиоски е номиниран за најубав погодок на колото во овие квалификации.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во конкуренција за ова престижно признание, покрај нашиот репрезентативец, се наоѓаат и мајсториите на Антонио Нуса од Норвешка, Адам Хложек од Чешка и искусниот Иван Перишиќ од Хрватска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рубиалес нападнат со јајца за време на промоција на книга (Видео)

Контроверзниот поранешен претседател на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, дож…