
Раководството на Рома е во интензивни преговори со српскиот голман Миле Свилар околу продолжување на договорот.
За сега, не оди лесно. Во приказната е вклучен и поранешниот тренер Клаудио Раниери кој заедно со спортскиот сектор присуствува на преговорите и се обидува да најде заеднички јазик со српскиот чувар на мрежата. Изгледа дека и Џан Пјеро Гасперини е задоволен што го има Свилар на голот, затоа Рома вложува големи напори да го задржи.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
И, сигурно е дека на Свилар му е тоа јасно, но тој сака да го види тоа и преку бројките. За сега, не успеваат да дојдат до златната средина. Всушност, прилично се далеку од таа точка. Имено, последната понуда на Рома изнесува 1.900.000, заедно со бонуси, што е сепак значително помалку од она што го бара синот на легендарниот Рајко Свилар.
Како што информираат медиумите блиски до клубот, Милета Свилар бара околу 4.000.000 евра годишно. Поточно, разликата помеѓу понудата и побарувањето е цели 2.300.000 евра.
Фото: Принтскрин