Дома Фудбал Преговорите почнуваат: Дали Меси ќе му се придружи на Роналдо?

Преговорите почнуваат: Дали Меси ќе му се придружи на Роналдо?

Светските медиуми навестуваат дека светот на фудбалот можеби ќе биде сведок на ново поглавје од едно од најголемите ривалства во историјата на спортот – меѓу Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Саудиска Арабија повторно е во офанзива, овој пат насочена кон славниот аргентински фудбалер.

Според информации од повеќе извори, Саудискиот јавен инвестициски фонд ги обновил преговорите со Лионел Меси, со намера овој пат да го придобијат за саудиската лига. Да потсетиме, слични разговори се водеа и во 2023 година, но тогаш Меси реши да продолжи со кариерата во MЛС, играјќи за Интер Мајами.

Повторно се воспоставени контакти, а првичните неформални разговори се вовед во потенцијални сериозни преговори, со оглед на тоа што договорот на Меси завршува на крајот од годината и од 1 јули може да преговара како слободен играч.

Целта на саудиските власти е јасна – повторно да ги спојат Меси и Роналдо, овој пат на Блискиот Исток. Кристијано Роналдо е моментално член на Ал Наср и, како што изгледа, на добар пат е да остане во клубот, што уште повеќе го зголемува интересот за привлекување на неговиот најголем ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи ќе го тужи Манчестер Сити поради наследникот на Гвардиола?

Во Манчестер Сити имаат намера да го ангажираат Енцо Мареска како наследник на Пеп Гвардио…