Дома Фудбал Шкендија ги разочара фановите: Ќе игра во Маџари!

Шкендија ги разочара фановите: Ќе игра во Маџари!

Фудбалскиот клуб Шкендија од Арачиново, кој од следната сезона ќе се натпреварува во Втората македонска фудбалска лига, нема да ги игра своите натпревари на домашен терен во родното Арачиново. Наместо тоа, клубот информираше преку социјалните мрежи дека како домашен стадион ќе го користи теренот во скопската населба Маџари – „Борис Трајковски“.

Оваа локација не е непозната за љубителите на фудбалот. Во изминатата сезона таму своите натпревари ги одигруваше тимот на Гостивар, кој по повлекувањето од Првата лига беше испратен во најнискиот натпреварувачки ранг. Истиот стадион претходно беше користен како алтернатива и од скопските прволигаши Вардар и Работнички.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако клубот од Арачиново важи за еден од оние со најмногубројна и лојална поддршка, фановите следната сезона ќе мора да патуваат до Маџари за да го бодрат својот тим на второлигашките натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед решен да го задржи Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер…