Дома Фудбал За натпреварот Кожуф – Башкими реагирала и УЕФА: Директорот и тренерот барале натпреварот да се загуби

За натпреварот Кожуф – Башкими реагирала и УЕФА: Директорот и тренерот барале натпреварот да се загуби

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска одржа брифинг со новинарите на кој се осврна на неколку актуелни прашања поврзани со домашниот фудбал, меѓу кои и контроверзниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими.

Натпреварот предизвика лавина реакции во јавноста поради сомнителните настани на теренот, а дел од официјалните лица од редовите на Кожуф веќе се соочија со санкции. Омерагиќ потврди дека во врска со овој случај реагирала и европската куќа на фудбалот – УЕФА.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Натпреварот беше срамен, а веќе добивме и електронска комуникација од УЕФА со барање за дополнително објаснување. Преземени се сите неопходни чекори во согласност со правилниците и се собрани изјави од осум официјални лица. Добро е што има совесни поединци кои активно помагаат во истрагата. Но, ќе бидам јасен – нема да казнуваме никого врз основа на шпекулации“, рече првиот човек на ФФМ.

Тој истакна дека засега санкции се изречени само за тренерот и директорот на Кожуф, бидејќи, според сведочењата, тие директно признале дека „натпреварот треба да се загуби“.

„Постапката е отворена и ќе продолжи. Нема да штитиме никого, но исто така нема ниту да казнуваме без цврсти докази. Досега, во собраните изјави од фудбалерите на Кожуф, никој не го спомена тимот на Башкими“, додаде Омерагиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…