Дома Фудбал Башкими го доби баражот со Беса и се пласира во Прва лига

Башкими го доби баражот со Беса и се пласира во Прва лига

Со триумфот над Беса во баражот за пласман во ПМФЛ денеска одигран во Кавадарци, екипата на Башкими се врати во Првата фудбалска лига по пауза од 16 години.

Тимот од Куманово кој сезонава ја заврши како третопласиран во Втората лига, играше бараж со десетопласираниот во Првата лига.

Првиот удар го зададе Хебиб Саити во 37. минута, кој ја измеша одбраната на Беса и погоди за 1:0.

Во 80. минута. Филип Алексовски го постави конечниот резултат после една одлична контра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан активно преговара со три клуба за Леао

Милан во моментот активно преговара со три клуба за евентуален трансфер на Рафаел Леао. Сп…