Дома Фудбал Oва се можните противници на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите

Oва се можните противници на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите

Иако ја освои титулата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија нема да има повластена позиција во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Тетово се наоѓа во групата на неносители и на стартот од европската авантура ќе добие противник со повисок коефициент и посилна репутација.

Македонските клубови, генерално, немаат значајни резултати на европската сцена, што резултира со понизок национален коефициент, па така и Шкендија, слично како Вардар, Работнички и Силекс во квалификациите за Конференциската лига, ќе влезе во ждрепката како аутсајдер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Меѓу можните противници за шампионот на Македонија се екипи како бугарскиот Лудогорец, романската Стеауа (ФЦСБ), Олимпија Љубљана од Словенија и шведскиот Малме, клубови со сериозно европско искуство.

Ждрепката за првото квалификациско коло ќе се одржи на 17 јуни во седиштето на УЕФА во Нион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума за Мусиала: Вознемирен сум, немав намера

Голманот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума изјави дека немал намера да го повреди фудба…