
Ракометарите на Алкалоид се на чекор до историски успех – прв европски трофеј! Македонскиот тим направи вистински подвиг на гостински терен совладувајќи го грчки АЕК со 25-29 во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп, одигран во Атина. Сега, пред своја публика, имаат шанса да ја заокружат оваа успешна приказна и да го подигнат посакуваниот пехар.
Реваншот е закажан за недела, во 20:45 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Од денеска стартува и продажбата на влезниците, кои чинат 200 и 300 денари, во зависност од избраното место. Билетите може да се набават преку онлајн платформата на „МкТикетс“, а достапни се и физички во:
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Diamond Mall
• Литература – ТЦ Буњаковец
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литература
• Tobacco Brothers
Струмица:
• ЛитератураМК
• ТА Сафари
Штип:
• Сити Тобако
Фото: РК Алкалоид/ФБ