Дома Фудбал Наскоро и официјално: Комо ќе плати 25 милиони евра за засилување од Манчестер Сити

Наскоро и официјално: Комо ќе плати 25 милиони евра за засилување од Манчестер Сити

Максимо Пероне ја одигра одлично оваа сезона во екипата на Комо.

Екипата на Сеск Фабрегас игра сосема солидно, се наоѓа на средината на табелата во Серија А и следната сезона би можела да биде хит на првенството, доколку се склопат сите коцки за овој клуб.

Еден од играчите кои дефинитивно положија испит во Комо е Пероне, 22-годишен играч од средината на теренот, кој беше позајмен од Манчестер Сити и кој, според сите изгледи, ќе остане во тој клуб.

Според информациите на „Дејли мејл“, Пероне ќе го комплетира трансферот веќе летово, и тоа за 25 милиони евра.

На тој начин, Манчестер Сити ќе го утростручи вложениот капитал за овој млад играч, па за нив ова е секако одлична зделка.

Оваа сезона одигра 24 натпревари и има три асистенции.

Фото: Como 1907/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Невил со јасна порака за Исак и Вирц: „Мора да се подобрат“

Гери Невил верува дека Александар Исак и Флоријан Вирц мора да го подигнат нивото, но исто…