Дома Фудбал ФФМ и ја намали казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани!

ФФМ и ја намали казната на Шкендија за исвиркување на жртвите од Кочани!

Новиот шампион Шкендија информираше дека нивната жалба е прифатена од страна на ФФМ, и натпреварот од последното коло против Силекс, закажан за 18. мај, на градскиот стадион во Тетово кога екипата ќе го подигне и шампионскиот трофеј, ќе биде со публика на навивачи.

Наместо првично изречената казна од пет мечеви без публика, тетовци ќе бидат суспендирани само четири натпревари, што значи дека натпреварот против Силекс, закажан за 18 мај на градскиот стадион во Тетово, ќе се одигра со присуство на гледачи.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Казната беше изречена поради инцидентот што се случи пред натпреварот од 25. коло против Брера, кога дел од навивачите со свирежи ја нарушија минутата молк во чест на жртвите од трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во натпреварот против Силекс Шкендија така ќе може титулата која веќе ја обезбеди да ја прослави со навивачите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПОНУДА КОЈА НЕ СЕ ОДБИВА: Мареска понуди 70 милиони за ѕвездата на Серија А!

Според италијанските медиуми, менаџерот на Челси, Енцо Мареска понуди 70 милиони евра за ѕ…