Дома Моторспорт Саинц разочаран од најновата одлука на Вилијамс

Саинц разочаран од најновата одлука на Вилијамс

Вилијамс годинава направи огромен напредок, но сега реши да го запре понатамошниот развој на болидот за сезоната 2025 за целосно да се фокусира на новите правила кои стапуваат на сила во 2026.

Иако резултатите покажуваат дека тимот има најдобра сезона од 2017 година, нивната стратешка одлука не наиде на воодушевување кај Карлос Саинц.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шпанецот, кој годинава пристигна од Ферари, вели дека е „фрустриран“ бидејќи гледа огромен потенцијал во болидот FW47.

Во Мајами, Саинц и неговиот тимски колега Алекс Албон остварија импресивни квалификации, заземајќи шесто и седмо место пред возачите на Ферари.

Во трката, Албон заврши на петата позиција, додека Саинц по борбата со Леклер и Хамилтон заврши на деветото место.

Саинц смета дека неколку технички подобрувања значително би го подобриле болидот, но сите ресурси екипата сега ги пренасочува кон 2026.

„Мислам дека овој болид има многу потенцијал“, рече Саинц за DAZN. “Кога би можеле да ја развиваме онаа што ја барам, две или три работи кои сè уште не функционираат, сум уверен дека би направиле голем чекор напред.”

„Одлуката на тимот е да не се вложува во развој оваа година и целиот буџет и работа да се насочат кон следната сезона.”

Фото: Принтскрин

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Се друго остана во сенка: Тежок пад на Маркез во Холандија

Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше најбрз на првиот слободен тренинг пред Големата награ…