
Вања Милинковиќ-Савиќ и Манчестер јунајтед повторно се актуелни!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Српскиот голман во последните месеци често се поврзуваше со Јунајтед, но сега оваа вест ја објавија доверливите новинари Матео Морето и Фабрицио Романо.
Тие тврдат дека српскиот голман е на мета на Јунајтед, откако Андре Онана не ги исполни очекувањата и оваа сезона повторно беше на мета на критичарите.
Онана е скапо засилување од Интер, пристигна летото 2023 година за дури 50 милиони евра, но не може да се каже дека ги исполни очекувањата.
Рубен Аморим бара нов голман, а Милинковиќ-Савиќ е повеќе по негов вкус. СрБИНОТ е еден од најдобро оценетите голмани во Серија А, затоа не е чудо што повторно го следат европските гиганти.
Интересно, Вања Милинковиќ-Савиќ некогаш како тинејџер беше во Манчестер јунајтед, но тогаш како 17-годишник не успеа да добие ниту работна дозвола па не се задржа.
Следеа многу преселби, преку Легија од Гдањск, до Торино, од каде одеше и во СПАЛ, Асколи и Стандард од Лиеж додека конечно не се наметна и од 2020 е редовен член на „биковите“.
Фото: Manchester United/X