Раководството на Барселона има намера да ја засили офанзивната моќ на тимот во зимскиот преоден рок, пренесува каталонски „Спорт“.
Тренерот Ернесто Валверде настојува да биде донесен уште еден креативен фудбалер со офанзивни карактеристики со цел да се зголеми конкуренцијата.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Весникот пренесува дека приоритет за Барселона и понатаму останува Филипе Кутињо од Ливерпул, меѓутоа Каталонците не се спремни да трошат „луди“ суми за Бразилецот.
Барселона во летниот преоден рок испрати неколку понуди, а последната изнесуваше 130 милиони евра. „Спорт“ пренесува дека клубот од „Камп Ноу“ нема намера да понуди повеќе од оваа сума.
Поради тоа веќе се разгледуваат и алтернативи за Бразилецот, а тоа се Леон Горетска од Шалке, Јулијан Брант од Лерверкузен и Томас Лемар од Монако.