Дома Останати Ракомет Од петок во продажба билетите за натпреварот Македонија – Литванија: РФМ ја одреди цената

Од петок во продажба билетите за натпреварот Македонија – Литванија: РФМ ја одреди цената

Ракометната федерација на Македонија денеска соопшти дека од петок (2 мај) ќе започне продажбата на билетите за натпреварот против Литванија, кој нашата репрезентација ќе го одигра на домашен терен во рамките на квалификациите за Европското првенство.

Средбата е закажана за 11 мај со почеток во 18:00 часот и ќе биде последниот предизвик за Македонија во овие квалификации. Пред тоа, на 8 мај, избраниците на селекторот Кире Лазаров ќе гостуваат кај Естонија.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Билетите ќе можат да се набават од петок напладне (12:00 ч.) преку интернет-платформата на МК Тикетс (www.mktickets.mk), како и на сите нивни продажни места низ државата по цена од 200 и 300 денари.

По четири одиграни натпревари, Македонија има два бода и се наоѓа на третото место во групата. Победа против Литванија ќе биде клучна во борбата за пласман на континенталниот собир.

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Diamond Mall

• Литература – ТЦ Буњаковец

• ЛитератураМК  – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол  – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• ЛитератураМК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• ЛитератураМК

• ТА Сафари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Суперлигата остана со еден клуб помалку – РФМ го исклучи Борец!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука за исклучување на Фруитленд Борец…