
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука за исклучување на Фруитленд Борец од Суперлигата, по неодамнешниот инцидент на Куп натпреварот со Пелистер 2, кога велешкиот тим не успеа да обезбеди доволен број ракометари за да настапи.
Одлуката беше соопштена пред денешното извлекување на шестото коло од плеј-оф и плеј-аут фазата во елитното ракометно натпреварување. Согласно со тоа, сите натпревари на Борец до крајот на сезоната ќе бидат регистрирани со службен резултат 10-0 во корист на противниците.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Велешани во преостанатиот дел од плеј-аутот требаше да се соочат со тимовите на Пролет, Прилеп, Куманово, Струга и Радовиш, но наместо на теренот, резултатите ќе се решаваат административно.
Ова е уште еден удар за македонскиот клупски ракомет, кој со години се соочува со проблеми од организациски и финансиски карактер.
Фото: РК Фруитленд Борец