Дома Фудбал Шпански медиуми: Меси го повика Модриќ да му се придружи во Мајами

Шпански медиуми: Меси го повика Модриќ да му се придружи во Мајами

ЛИОНЕЛ МЕСИ (37) има голема желба – ЛУКА МОДРИЌ (39). Шпанските медиуми пишуваат дека аргентинскиот фудбалер го повикал хрватскиот фудбалер да му се придружи во Интер Мајами.

Клубот, кој е делумно во сопственост на Дејвид Бекам, последните години покажува интерес за Модриќ, но тој последните лета го продолжуваше договорот со Реал за по една сезона.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Но, Шпанците наведуваат дека тешко ќе биде исто и ова лето. Тие истакнуваат дека Реал после раното испаѓање од Лигата на шампионите и заостанувањето зад Барселона во Ла Лига започнува со генерален ремонт и дека сè повеќе изгледа дека во склад со тоа ќе се зблагодарат на Модриќ. Тој е капитен, легенда на клубот и негов најтрофеен играч, но изгледа дека по 13 години во Мадрид е блиску до заминување. Договорот му завршува на 30 јуни, а Реал сеуште не му понудил продолжување.

Модриќ без разлика на зрелите години не сака да се пензионира бидејќи целта му е да игра за Хрватска на Светското првенство наредната година. Тоа ќе се одржи во САД, а токму од таму е клубот што го посакува него. Интер Мајами го предводи Меси, а во тимот има уште неколку ветерански легенди на Барселона – Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Интер Мајами минатата регуларна сезона во МЛС заврши како тим со најмногу бодови, но потоа во плеј-офот испадна во првиот круг од Атланта. Новата сезона ја отвори со пет победи и три нерешени натпревари. Интер Мајами ќе настапи на клупското СП ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело удри по Реал Мадрид: Анчелоти заслужува почит, ова е неправда

Поранешниот легендарен тренер Фабио Капело остро реагираше на шпекулациите што кружат во ш…