Дома Фудбал Рим како во „војна“: Хаос на улиците, штети од илјадници евра, повредени 24 полицајци (Видео)

Рим како во „војна“: Хаос на улиците, штети од илјадници евра, повредени 24 полицајци (Видео)

Во судирите меѓу полицијата и хулиганите пред римското дерби помеѓу Лацио и Рома, беа повредени 24 полицајци и предизвикана е материјална штета од 40.000 евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Згрозен сум. Не е прифатливо хулиганите да го претворат фудбалскиот натпревар во сцена на урбана војна“, изјави градоначалникот на Рим Роберто Гвалтиери.

Околу 2.000 полицајци беа позиционирани на различни точки околу Олимпискиот стадион во Рим, а конфликтот започна кога навивачите на Лацио се обидоа да го пробијат полицискиот кордон.

Навивачите испукуваа огномети кон полицијата и ја гаѓаа со цврсти предмети. Полицијата возврати со солзавец и водени топови.

И Лацио и Рома изразија солидарност со повредените полицајци и го осудија насилството. Натпреварот заврши со нерешен резултат 1:1.

Фото: Пртинскрин
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салах пресреќен: Испишавме историја на СП

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах изјави дека неговиот тим напишал историја со првата поб…