
Лионел Меси постигна гол против Торонто и веќе сега стана рекордер на Интер Мајами.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Торонто водеше по прекрасниот соло продор на Италијанецот Федерико Бернардески во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме, но на полувреме се отиде со резултат 1:1 бидејќи Меси погоди во петтата минута од надополнувањето.
Меси ја прими топката на работ на казнениот простор и од волеј го совлада голманот на Торонто за 1:1.
Тоа беше 24-ти погодок за Меси во дресот на Интер откако пристигна во клубот од Мајами во летото 2023. година.
Со оглед на тоа дека Меси има и 20 асистенции за Интер, стана рекордер на клубот по учество во голови во МЛС лигата.
🇺🇸 Leo Messi, Inter Miami’s all-time leading goal contributor in MLS with 44 G/A after tonight’s goal.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 7, 2025
8 G/A in 8 games for Inter Miami this year, goal again… and 856 career goals for Messi. 🇦🇷 pic.twitter.com/o9gzmO3zlB
Меси директно учествуваше во 44 гола на Интер во 29 одиграни натпревари и го симна од тронот својот сонародник Гонзало Игуаин.
Игуаин учествуваше во 44 гола на Интер во 67 натпревари, а следната цел на Меси е да го симне Игуаин од врвот на листата на стрелците на Интер. За тоа му се потребни уште пет гола.
Фото: Inter Miami FC/FB