Новиот спортски директор на Арсенал ќе биде Андреа Берта.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Човекот кој најголема слава стекна како спортски директор на Атлетико Мадрид, ќе потпише договор со Арсенал до крајот на овој викенд.
Тој го наследи Еду, кој ја извршуваше оваа функција до ноември.
Берта го напушти Атлетико Мадрид во јануари по 12 години во клубот.
Започна како спортски директор во Парма, потоа работеше со Гасперини во Џенова, за конечно да пристигне во Атлетико.
Како спортски директор учествуваше во доведувањето на Гризман, Ернандез, Алварез, Дијего Коста, Родри, Облак, Суарез…