Дома Фудбал Останато Одбраната на Реал стравува – Хари Кејн подготвен!

Одбраната на Реал стравува – Хари Кејн подготвен!

Хари Кејн се опорави од повредата и денес одработи целосен тренинг и ќе биде спремен за натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напаѓачот на Тотенхем ги пропушти последните две средби на својот тим во кој „петлите“ забележаа два порази, дербито против Манчестер Јунајтед во Премиер лигата (0:1) и натпреварот против Вест Хем во Лига купот (1:2).

Покетино не сакаше да ризикува со англискиот репрезентативец во Премиер лигата, а денес тој успеал да одработи целосен тренинг и да ги издржи сите напори.

Медиумите во Британија пишуваат дека, Кејн најверојатно ќе биде во составот за натпреварот во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Тотенхем, најави дека конечната одлука за настапот на Кејн ќе ја донесе во текот на утрешниот ден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aртета откри кој сакаше да го шутне петиот пенал за Арсенал

Микел Aртета на прес-конференцијата по финалето на Лигата на шампионите откри кој сакаше д…