Дома Останати Ракомет Ваква доминација не се памети: Во првенството се во серија од 221 победа во низа!

Ваква доминација не се памети: Во првенството се во серија од 221 победа во низа!

Постојат клубови кои доминираат во своите првенства со години и децении. но она што го прават ракометарките на Крим од Љубљана навистина е нешто невидено во светот на спортот.

Ракометарките на Крим од Љубљана се апсолутни владари на словенечкиот ракомет. Овој тим не знае за пораз од далечната 2016 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ракометарките на Крим вчера со резултат 40:26 ја совладаа Ајдовшчина во дуелот од првото коло на плеј-офот за првак на Словенија. Секако, ја оправдаа улогата на апсолутен фаворит и остварија победа.

Верувале или не, бројот на последователни победи во словенечкиот ракомет така го подигнаа на повеќе од 200. Поточно, ако се верува на податоците достапни на интернет, тоа е за Крим Љубљана 221. победа во Првенството на Словенија последователно.

Последниот пораз Крим Љубљана го запиша на далечниот 7 мај 2016 година од Веление. Се работи за дуел од последното коло.

РК Крим Љубљана досега дури 29 пати го има освоено трофејот за првак на Словенија и 28 пати трофејот за Куп. Сепак, во европските натпреварувања нема поголеми успеси во последно време, но тоа е тим кој два пати го стекнал трофејот на Лигата на шампионите (2001 и 2003 година).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Maнасков брутално искрен: Нема да играм за Македонија поради Лазаров!

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, кој оваа сезона игра во одлична форма, о…