Дома Фудбал Меси поради повреда ги пропушта натпреварите со најголемите ривали во квалификациите за СП

Меси поради повреда ги пропушта натпреварите со најголемите ривали во квалификациите за СП

ЛИОНЕЛ МЕСИ (37), капитенот на репрезентацијата на Аргентина, актуелниот шампион на Јужна Америка и светот, ќе ги пропушти квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 против Уругвај и Бразил поради повреда на мускул.

Лионел Скалони го објави списокот на играчи за продолжување на квалификациите за СП 2026, на кој го нема Меси.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Сојузот не ги откри причините за изостанувањето на капитенот, кој во 191 натпревар за Аргентина постигнал 112 и aсистирал за 61 гол, но медиумите пишуваат дека има проблеми со повреда на мускул што ја заработил во натпреварот против Атланта во МЛС.

Меси во победата 2:1 на тој натпревар постигна гол во 20. минута, а на теренот остана до крајот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико подготвува понуда за Нуњес

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид планира да достави понуда за напаѓачот од Ливерпул, Дарвин …