Тренерот на Фенербахче Жозе Мурињо јавно го критикуваше својот играч Алан Сен-Максимин, нарекувајќи го „мрзелив и дебел“.
Сен-Максимин, кој е на заем од саудискиот Ал Ахли, беше изоставен од тимот за реваншот во осмина финалето на Лига Европа против Ренџерс и ги пропушти последните пет првенствени натпревари на клубот, поради што се огласи на социјалните мрежи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Кога лагата ќе тргне со лифт, вистината оди по скали. Потребно и е подолго, но на крајот стигнува“, напиша Французинот.
Мурињо на свој начин одговори на Сен-Максимин, изјавувајќи дека не знаел дека е поет.
📲 Алан Сен-Максимин, после изјавите на Жозе Мурињо, ја објави својата тежина од 2022 година и актуелната тежина.
— Fanatik (@fanatikcomtr) 13 март 2025
„Лагите се како цвеќиња, но не даваат плод.“ pic.twitter.com/h2UyhZCBEE
„Не знаев дека Сен-Максимин има талент за поезија. Ни јас не сум лош во тоа. Кога фудбалерот добро работи, постојано и напорно тренира, може да биде во добра форма и да се искачува по скалите. Не му е потребен лифт. Од друга страна, ако играчот не тренира добро, доцни, има вишок килограми и не е спремен за натпревар, тогаш му треба лифт – затоа што наскоро ќе се измори на скалите“, изјави Мурињо.
Сен-Максимин потоа на Инстаграм објави фотографии кои покажуваат дека неговата тежина е иста уште од 2022 година, додавајќи:
„Лагите ви даваат цвеќиња, но не донесуваат плод.“