Дома Фудбал Енрике: Двата тима заслужија да поминат, но мислам дека ние бевме малку подобри

Енрике: Двата тима заслужија да поминат, но мислам дека ние бевме малку подобри

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека и неговиот тим и Ливерпул заслужија да се пласираат во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но дека неговите фудбалери покажаа карактер во реваншот од осминафиналето на Енфилд, во кој победија по изведување пенали.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Двете екипи заслужија да поминат во следната фаза, играа подобро од нас овде, но мислам дека мојот тим на Енфилд, на овој посебен стадион, покажа карактер, дури и кога шутиравме пенали, покажавме каков тим сме. Се обидовме да играме најдобро што можеме, но беше тешко бидејќи тие се толку интензивни”, изјави Енрике, пренесе Би-Би-Си..

Фудбалерите на Пари Сен Жермен синоќа победија во Англија против Ливерпул со 4:1 по изведување пенали, откако во регуларниот дел од натпреварот и по продолженијата со голот на Усман Дембеле го надоместија недостигот од првиот натпревар на Паркот на принцовите минатата недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиол на Светското првенство дознал вест која би можела многу да измени

Англиските медиуми објавија дека Манчестер Сити подготвува нов повеќегодишен договор за хр…