Дома Фудбал Бракот се распадна: Откриено со кого сопругата го изневерила Тер Штеген

Бракот се распадна: Откриено со кого сопругата го изневерила Тер Штеген

Голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген (32) објави претходно оваа недела дека се разведува од сопругата Даниела по осум години брак. Веста ја изненади јавноста, а според информациите кои ги носи „Кат Радио“, разводот следувал по брачно неверство.

Според пишувањата на изворот, Тер Штеген се разделил од сопругата пред два месеца, а причината за прекинот е нејзината афера со личниот тренер.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сè се случувало додека германскиот голман поминувал низ тежок период на рехабилитација од повреда на коленото, поради што и понатаму е надвор од стројот. Тер Штеген го напуштил нивниот семеен дом, оставувајќи го за користење на сопругата, а тој се преселил во луксузен хотел во Барселона и таму моментално престојува сам.

„По внимателно разгледување на ситуацијата, Дани и јас одлучивме да се разделиме“, стои во нивното заедничко соопштение, кое го споделија на англиски јазик преку Instagram.

Германецот не можел да ѝ прости на сопругата за неверството, а посебно го мачи фактот што го изневерила со личниот тренер.

Новинарите пишуваат дека „љубовната приказна“ на Марк и Даниела започнала во 2012 година, кога таа студирала архитектура, а тој бил во Борусија Менхенгладбах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите до 16 години поразени од Словачка на турнирот во Подгорица

Репрезентација на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рам…